Xiaomi Mi A3 се враќа на надградбата со Android 10

Објавено на 19.03.2020 во Новости



Xiaomi Mi A3 се враќа на надградбата со Android 10

Xiaomi Mi A3 ја продолжи надградбата на оперативниот систем со најновата верзија на Android 10 откако првично беа пријавени повеќе проблеми од страна на корисниците по што надградбата беше суспендирана.

Xiaomi Mi A3 со новиот софтвер на Android 10 ќе ги реши сите проблеми со функционирање на скенерот за отпечатоци како и други аномалии. Секако, со надградбата на Xiaomi Mi A3 со Android 10 ќе добие целосна примена на Dark Mode низ сите менија на системот.