Xiaomi се откажа од сопствени процесори
Објавено на 20.03.2020 во Новости
Xiaomi повеќе нема да работи на развој на сопствени процесори од серијата Surge која само еднаш беше употребена во смартфонот Xiaomi Mi 5C.
Xiaomi иако подготвуваше партнерство со производителот TSMC за развој на процесори со поддршка за AI функции не успеа да ја добие потребната технологија.
Xiaomi ќе продолжи да ги користи процесорите на Qualcomm Snapdragon и MediaTek.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.