Sony објави детали за новиот гејмерски ѕвер PlayStation 5

Објавено на 20.03.2020 во Игри



Sony објави детали за новиот гејмерски ѕвер PlayStation 5

Брзината на вчитување ќе биде најголема предност кај новиот PlayStation 5, но цената останува се уште непозната. Ова ќе биде вистински гејмерск ѕвер - 8 јадрен AMD процесор Zen 2 со 3,5 GHz и AMD графика, 852GB SSD, 16 GB GDDR6 меморија со брзина на вчитување на 2GB податоци за само 0,27 секунди. Колку за споредба, кај PlayStation 4, 2GB се вчитуваа за 20 секунди. 

Конзолата од новата генерација ќе поддржува игри не само во 4K резолуција, туку и во 8K резолуција, ќе има поддршка за ray tracing за пореална графика и ефекти на сенка, осветлување, итн. Новиот контролер дефинитивно ќе го подобри искуството во играњето.