Nokia 1.3 со Android 10 Go софтвер и Nokia 5310 со освежен дизајн

Објавено на 20.03.2020 во Новости



Nokia 1.3 со Android 10 Go софтвер и Nokia 5310 со освежен дизајн

HMD Global влезе со голем чекор напред во 5G светот со новата Nokia 5.3, што овозможува поддршка за целодневно траење на батеријата. Nokia 5.3 има четворна камера, Snapdragon 665 процесор. Камерите се со вештачка интелигенција, која овозможуваат совршена снимка, без оглед на тоа каде се наоѓате, дури и при слабо осветлување, благодарение на ноќниот начин на работа.

Со својот 6,55 инчен дисплеј, Nokia 5.3 помага за гледање емисии и играње. Доаѓа со Android 10 софтвер, има 4GB+64GB меморија и чини 189 евра. 

Nokia 1.3 е со Android 10 (Go верзија), со Camera Go, AI технологија за сликите при ниско осветлување, Gallery Go и светол HD+ дисплеј од раб до раб. Nokia 1.3 ќе биде достапен од почетокот на април за цена од 95 евра.

HMD Global го претстави и легендарниот Nokia 5310 Xpress Music, кој содржи MP3 player и FM radio, во комбинација со моќните два предни звучника. Nokia 5310 потсетува на класичќниот дизајн со нови додатоци, елегантен дизајн и батерија креирана да издржи неколку дена. Nokia 5310 ќе биде достапен во бела, црвена, црна боја за цена од 39 евра од крајот на март.