Huawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци

Објавено на 20.03.2020 во Новости



Huawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци

Huawei ги продолжува гаранциите за сите уреди чиишто тековни гаранции истекуваат од 15 март 2020 до 15 јуни 2020 година. За нив новиот период на гаранција ќе биде одложен до 15 јуни 2020 година. Новите услови стапуваат во сила автоматски и ќе важат за сите уреди што се продаваат на домашен терен, вклучително и паметните телефони, таблети, додатоци, аудио уреди и рутери.

Продолжувањето на гаранцијата за овие уреди е реакција на компанијата предизвикана од државните мерки за ограничување на ширењето на вирусот КОВИД-19. Huawei го цени здравјето и одличното искуство на своите корисници со нивните дигитални уреди.

За таа цел, компанијата отвори и бесплатна услуга „Од врата до врата“ за сите модели на уреди со гаранција и за сите клиенти низ целата земја за времетраењето на вонредните рестриктивни мерки. Во случај на проблем, можете да се јавите на бесплатната телефонска линија на Huawei на 0800 55 550 или новоотворените линии за оваа намена: 02/3111-110 и 078/480-242, по цена на еден градски повик или по стапка на операторот и да побарате бесплатна услуга која подразбира подигање на уредот од наведената адреса и враќање по поправката, дезинфициран и спремен за употреба.

###

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа на Huawei е изградена со скоро 30 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот.

За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/

За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на:

Facebook: facebook.com/HuaweimobileMK/

Twitter: twitter.com/huaweimobilemk