Netflix и YouTube го намалуваат HD квалитетот за да не „пукнат“ мрежите во Европа

Објавено на 20.03.2020 во Новости



Netflix и YouTube го намалуваат HD квалитетот за да не „пукнат“ мрежите во Европа

Netflix и YouTube по консултација со Европската Унија донесоа одлука да го намалат квалитетот на HD стримингот на видео содржини со стандардна резолуција со цел да се спречи оптоварување на интернет серверите како и потрошувачката на електрична енергија.

Во време на домашна изолација зголемен е бројот на корисници на видео стриминг сервиси па така прикажувањето во висока HD резолуција доведува до зголемена потрошувачка на интернет сообраќај, а со тоа и на ресурси.

Затоа во наредните 30 дена Netflix и YouTube во Европа ќе емитуваат содржини во стандардна резолуција која исто така е доволно квалитетна за човечко око. 

Автор: Aleksandar Stankov