iPhone 12 доаѓа според планот без оглед на Ковид-19

Објавено на 20.03.2020 во Новости



iPhone 12 доаѓа според планот без оглед на Ковид-19

Apple засега не го менува планот за есенската промоција на новата генерација на iPhone 12 смартфони без оглед на ширењето на пандемијата со корона вирусот и Ковид-19 болеста.

Главните канали на производство и достава на компоненти во Кина е вратена во нормала откако во оваа земја е успорено ширењето на корона вирусот, па така фабриките повторно работат со полни капацитети.

iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max би требало да пристигнат кон крајот на септември, а веќе од октомври да се најдат во продажба, но каков ќе биде интересот засега никоја не се осмелува да прогнозира. 





Прочитајте повеќе: