Huawei развива дијагностички систем за болни од коронавирус, базиран на вештачка интелигенција

Објавено на 21.03.2020 во Новости



Huawei развива дијагностички систем за болни од коронавирус, базиран на вештачка интелигенција

Huawei во соработка со Универзитетот во Хуазхонг и компанијата Lanwon, развил и тестирал систем базиран на технологија со вештачка интелигенција, кој брзо и прецизно ќе може да чита CT слика од бели дробови на пациенти и ќе утврдува случаи со зараза од коронавирус, т.е. состојбата на белите дробови во случај на зараза.

При проценка на сликите од CT за белите дробови се користи технологија со вештачка интелигенција и компјутерски вид, а со комбинација од клиничките податоци и лабораториски резултати, лекарите може да разликуваат рани, напреден и тежок стадиум COVID-19 и дали правилно функционираат. Таквата дијагностика е многу побрза од рачната, а воедно го намалува и бројот на контакти во здравствениот систем, па така се намалува можноста за зараза. 

Специјализираниот сервис за анализа на медицински слики е развиен и изработен врз основа на платформата за анализа на слики - Huawei Cloud EIHealth. Во иднина Huawei Cloud ќе продолжи да го надградува системот за помошници за дијагноза на сите болести на белите дробови. Huawei Cloud соработува со различни индустрии за спроведување на повеќе научно-истражувачки проекти, базирани на вештачка интелигенција со цел намалување на заразите со коронавирус.