HMD Global креира уникатна дата роаминг услуга

Објавено на 21.03.2020 во Новости



HMD Global креира уникатна дата роаминг услуга

HMD Global влегува во нова категорија на услуги со новата HMD Connect глобална услуга за дата роамнг, овозможувајќи им на луѓето од цел свет да користат едноставна дата СИМ картичка за време на патување и да задржат целосна контрола над својата дата претплата. 

HMD Connect Global Data Roaming Service овозможува корисниците да плаќаат само толку колку што им е потребно. Откако ќе се најават преку апликацијата, корисниците ќе добијат СИМ картичка на домашна адреса и ќе може едноставно да ја контролираат својата дата претплата. HMD Connect прво ќе биде стартуван со Бета верзија преку HMDConnect.com, овозможувајќи едноставен, безбеден и прифатлив роаминг во цел свет. 

HMD Connect BETA ќе се покрене преку HMDConnect.com со пакет со СИМ картичка, до 1GB роаминг интернет, заедно со данок и достава за цена од 20 евра. 14-дневниот глобален план за дата роаминг почнува од 10 евра, а надградбата на планот е од 5 евра.