Масовен пад на продажбата на смартфони по пандемијата со Ковид-19

Објавено на 21.03.2020 во Новости



Масовен пад на продажбата на смартфони по пандемијата со Ковид-19

Според анализата која ја направи Strategy Analytics се бележи масовен пад на продажбата на нови смартфони на глобално ниво. Главна причина секако е избивањето на пандемијата со корона вирусот кој ја предизвикува болеста Ковид-19.

Во месец февруари се продадени за околу 40 милиони смартфони помалку во однос на истиот период лани. Станува збор за годишен пад од речиси 40%. Овој февруари се продале само 61.8 милиони смартфони, додека пак лани во истиот месец се продале речиси 100 милиони смартфони.

Од една страна мерките за самоизолација и карантин доведоа до тоа купувачите да не можат да отидат физички до продавницит, но и од друга страна намалена е и потребата од нови смартфони во период кога не се трошат средства за несуштински или премиум производи.

Автор: Aleksandar Stankov