Camera Go апликацијата лансирана на евтините Андроиди

Објавено на 21.03.2020 во Новости



Camera Go апликацијата лансирана на евтините Андроиди

Google ја лансираше новата мобилна апликација Camera Go која е скратена верзија на стандардната апликација за Android, но зафаќа многу помал простор, има полесни функции и е наменета за сите поевтини смартфони.

Camera Go стана дел од посебната програма Android Go која е составена од најевтините смартфони во основните класи, па така добар дел од нив имаат доста базични и ограничени хардверски перформанси.

Со новата Camera Go апликација на корисниците ќе им се овозможи да прават подобри слики, без притоа да се оптовари нивната меморија или хардвер. Првиот смартфон кој ќе ја користи оваа апликација е Nokia 1.3.





 
Најнови телефони
 
 


{}