Смартфоните откриваат - Многу Италијанци ја игнорираат забраната за движење

Објавено на 22.03.2020 во Новости



Смартфоните откриваат - Многу Италијанци ја игнорираат забраната за движење

Италијанските власти ја разгледуваат можноста за строгите забрани за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажаа дека премногу луѓе се уште се движат слободно. Во Ломбардија, најпогодениот регион од пандемијата, „40% од луѓето се уште се движат околу“.

Италијанските власти сега размислуваат да се донесе и забрана за џогинг, затоа што многу луѓе ја потценуваат опасноста и ризикот од проширувањето на вирусот. Цела Италија е во карантин од 10 март и луѓето би смееле да ги напуштат своите домови само ако не можат да работат од дома или поради итна работа како што се купување храна и лекови.

Автор: Aleksandar Stankov