Honor Play 9A е пред пласман, направени сите тестови

Објавено на 23.03.2020 во Новости



Honor Play 9A е пред пласман, направени сите тестови

Honor Play 9A е речиси подготвен за пласирање на пазарот откако помина низ сите тестови и ги доби сите непходни сертификати.

Благодарение на направените тестови откриени се голем број на детали за новиот Honor Play 9A кој е планиран за евтината средна класа со квалитетни перформанси. Honor Play 9A ќе пристигне наскоро со 6.3 инчен FullHD+ дисплеј, ќе работи со MediaTek Helio P35 процесор, 4 GB RAM, 64GB и 128GB избор на меморија, како и батерија со капацитет од 5000 mAh со брзо полнење.

За Honor Play 9A исто така е познато дека ќе има двојна главна камера со примарен сензор од 13 мегапиксели, како и Android 10 оперативен систем.