Корона вирусот ја „стопи“ трилијардата на Apple

Објавено на 23.03.2020 во Новости



Корона вирусот ја „стопи“ трилијардата на Apple

Соочен со глобалната пандемија со корона вирусот и огромниот удар врз потрошувачката, Apple ја губи вредноста на пазарната капитализација која пред неколку месеци беше процената на над 1 трилијарда американски долари.

Падот на тргување со акции на најголемите американски берзи доведе до рекордно ниска цена на хартиите од вредност издадени од Apple со што пазарната капитализација на гигантот од Купертино падна на 998 милијарди американски долари и со прогнози за дополнителен пад во наредните месеци.

Проблемот е што се очекува да паднат приходите на Apple од продажба на нови iPhone смартфони, па ќе се чека на останатите извори на приходи како мултимедија да надоместат за загубите од корона вирусот. 





 
Најнови телефони
 
 


{}