Samsung Galaxy S20 серијата добива подобрување во камерата

Објавено на 23.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy S20 серијата добива подобрување во камерата

Galaxy S20 имаше неколку компромитирани сегменти кога излезе, како што е камерата и GPS. Samsung вети дека ќе ги среди овие проблеми, при што камерата беше приоритет, па затоа сега Galaxy S20 надградбата е достапна за Snapdragon процесорите.

Истата надградба ја добија и Exynos процесорите претходно, на почетокот на оваа година. Проблемот беше со бавниот автофокус кај Galaxy S20 Ultra, а подобрување има дефинитивно и кај Galaxy S20 и Galaxy S20+. Тука нема безбедносна надградба, но сигурно ќе има во некои од следните софтверски закрпи на Samsung.