Huawei P40 и Huawei P40 Pro 5G ги очекуваме наскоро со моќни перформанси

Објавено на 24.03.2020 во Новости



Huawei P40 и Huawei P40 Pro 5G ги очекуваме наскоро со моќни перформанси

Huawei P40 и Huawei P40 Pro 5G ги очекуваме за 2 дена, а веќе знаеме дека Huawei P40 Pro ќе биде со 6,58 инчен дисплеј со тенок дизајн и punch-hole за предната камера од 32MP со Time-of-Flight сензор и 3D Unlock систем.

Huawei P40 Pro располага со главна задна камера со Leica Ultra Vision систем со 4 камери. Главниот сензор изнесува 50MP со pixel binning технологија за сликање на поквалитетни фотографии, има и ултраширока камера од 40MP, и перископски сензор од 12MP со 50х SuperSensing Zoom. Тука има и Time-of-Fliht сензор и Huawei XD Fusion Engine, за уште подобри слики и видеа.

Huawei P40 Pro 5G под хауба има Kirin 990 5G процесор, 8GB+256GB меморија, Android 10 софтвер и Huawei AppGallery. Батеријата ќе  биде со капацитет од 4200mAh и ќе има технологија за брзо полнење. 

Huawei P40 ќе биде со OLED дисплеј со големина од 6,1 инч, со иста предна камера, само без Time-of-Flight сензор. Задната камера ќе биде 50MP+16MP+8MP со 30х дигитален зум и 3х оптички зум. Батеријата ќе биде 3800mAh.





 
Најнови телефони
 
 


{}