Тајванската полиција ги следи оние во карантин преку телефонот

Објавено на 24.03.2020 во Новости



Тајванската полиција ги следи оние во карантин преку телефонот

Многу е тешко да се следат оние што се во карантин, ама тоа само во некои земји. Во Тајван, ако ви се јави полиција и не дигнете на телефон, тогаш полицијата ви тропа на врата. Службите овде навистина се грижат за да ги држат во самоизолација оние што се под ризик дека ги загрозуваат другите.

Тие што мора да бидат изолирани, ги следат на телефоните и им се пишува висока парична казна. Власта го следи сигналот на мобилните телефони на тие што се во карантин, така што веднаш забележуваат ако лицето го напушти просторот, во кој мора да помине 2 недели. 

Автор: Aleksandar Stankov