Samsung Galaxy A31 официјално претставен со Quad камера

Објавено на 24.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy A31 официјално претставен со Quad камера

Samsung Mobile официјално го претстави новиот смартфон од средната класа Samsung Galaxy A31 кој пристигна со Quad главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели.

Меѓу останатите адути на Samsung Galaxy A31 се вбројуваат огромната батерија со капацитет од 5000 mAh, со брзо полнење од 15W, селфи камера од 20 мегапиксели, 6.4 инчен Full HD+ Super AMOLED Infinity U дисплеј и поддршка за Samsung Pay.

Samsung Galaxy A31 ќе биде достапен со Prism Crush Black, Prism Crush Blue, Prism Crush Red  и Prism Crush White боја на маската, а наскоро се очекува повеќе да се знае за цената и датумот на пуштање во продажба.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
 


{}