Први детали за Lenovo A7

Објавено на 24.03.2020 во Новости



Први детали за Lenovo A7

Новиот смартфон Lenovo A7 за прв пат се појави на Google Play Console со што се открива како ќе изгледа неговиот дизајн, а засега се познати само дел од неговите спецификации.

Lenovo A7 ќе има Full HD дисплеј со вградена селфи камера, ќе работи со Spreadtrum SC9863A процесор, 2 GB RAM, 16 GB основна вградена меморија и батерија со капацитет од 3000 mAh.

Наскоро ќе бидат откриени многу повеќе детали за перформансите на Lenovo A7, како и неговата цена и датум на пуштање во продажба.