Huawei ги поканува сите верни поддржувачи на глобалната онлајн премиера на новата P40 серија

Објавено на 24.03.2020 во Новости



Huawei ги поканува сите верни поддржувачи на глобалната онлајн премиера на новата P40 серија

Глобалната премиера на новата, долгоочекувана серија Huawei P40 е закажана на 26 март (четврток), од 14 часот.

Под слоганот #VisionaryPhotography, настанот ќе се емитува онлајн и секој може да го следи на следниве линкови:

- Официјалниот веб сајт на Huawei
- Официјалната Facebook страна
- Официјалниот канал на YouTube

Huawei ги кани сите свои корисници и обожаватели, заедно, онлајн, да бидеме сведоци на претставувањето на новите производи од култната P серија, создадени и ажурирани со повеќе иновации за визуелните уметници - фотографи, видео-автори, луѓе со силно изразена креативност и сите за кои креативното изразување е важен и неопходен дел од овој современ свет.

Ајде заедно да се соочиме со Huawei P40 Series!

#VisionaryPhotography

#StayConnected

###

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа

на Huawei е изградена со скоро 30 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот. За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/

За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на: Facebook: facebook.com/HuaweimobileMK/
Twitter: twitter.com/huaweimobilemk





 
Најнови телефони
 
 


{}