Redmi K30 Pro поседува одлични спецификации за прифатлива цена
Објавено на 25.03.2020 во Новости
Xiaomi ги претстави Redmi K30 Pro и K30 Pro Zoom смартфоните, кои се уникатни по кружниот модул на задната камера и поп-ап камерата за селфи фотогорфафии. Redmi K30 Pro има Snapdragon 865 процесор и 5G мрежа.
AMOLED дисплејот има големина од 6,67 инчи, HDR10+ технологија и 60Hz освежување на екранот. Задната камера изнесува 64MP+13MP+5MP+2MP сензор за длабочина на деталите. Zoom верзијата со телефото сензорот овозможува хибридно зумирање 30x. Селфи камерата изнесува 20MP и излегува со помош на поп-ап механизам.
Пнатаму имате и 8К снимање на видео, IP53 сертификат за водоотпорност, батерија од 4700mAh, и поддршка за брзо полнење 33W.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.