Ниту Facebook не е имун на коронавирусот

Објавено на 25.03.2020 во Новости



Ниту Facebook не е имун на коронавирусот

Како што во сите земји се повеќе се заклучуваат компании и вработените седат дома поради ширењето на коронавирусот, така интернет провајдерите имаат проблеми со одржувањето на мрежата. YouTube, Netflix и неколку други важни стриминг сервиси веќе го намалија квалитетот на стримуваето на видеа за да не дозволат паѓање на мрежите во Европа.

Facebook е една од компаниите што регистрираше енормно висок сообраќај за време на коронавирусот, затоа што луѓето повеќе време минуваат на интернет кога седат дома, со цел да останат во контакт со нивните пријатели и семејството. Затоа Facebook најави дека се бори за да ја одржи мрежата и услугите за време на „нападот од COVID-19“. Кризата уште не стивнува, така што останува неизвесно дали ќе останеме достапни на интернет и социјалните мрежи.