Honor 30S доаѓа наскоро со 64 MP камера и топ цена

Објавено на 25.03.2020 во Новости



Honor 30S доаѓа наскоро со 64 MP камера и топ цена

Honor суб-брендот на Huawei се подготвува за наскоро да го лансира новиот солиден модел од средната висока класа Honor 30S кој ќе пристигне со 64 мегапикселна примарна камера на задната страна со уште три помошни сензори, како и поддршка за 3х оптички зум. 

Honor 30S официјално ќе биде претставен на 30 март, со Kirin 820 процесор, 5G мобилна конекција, супер брзо полнење на батеријата до 40W, Android 10 оперативен систем,  8 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија. 

Автор: Aleksandar Stankov