Што да очекуваме: Huawei P40 Pro ќе биде со заоблени рабови од сите страни

Објавено на 26.03.2020 во Новости



Што да очекуваме: Huawei P40 Pro ќе биде со заоблени рабови од сите страни

Huawei P40 серијата беше планирана да се реализира во Париз, но поради пандемијата со COVID-19 ќе се одржи официјален онлајн евент. Од P40 Pro се очекува зголемен 6.6" OLED дисплеј со супер тенки рамки и дизајн со четири заоблени рабови, што досега не е видено кај смартфон. 

Тоа значи дека телефонот ќе биде со иста големина како P30 Pro, но со поголем екран. Импресивната камера ќе биде со четири сензори од главен сензор 50MP+40MP ултраширока камера за снимање на 4K видео со автофокус. Под хауба има 8GB RAM меморија и 40W брзо безжично полнење. 

Помалиот P40 ќе биде со 6.1" OLED дисплеј со обични рабови, додека главната камера од 50MP ќе биде без оптичка стабилизација на сликата (OIS), ќе има ултраширок сензор од 16MP и телефото сензор од 8MP со 30x дигитален зум и 3x оптички зум. Евентот ќе биде воден од Извршниот директор на Huawei, Ричард Ју и ќе се води во живо на 6 различни јазици: англиски, шпански, француски, италијански арапски и руски јазик. 

Останете со нас до најновите информации кога телефоните ќе станат официјални.

Автор: Aleksandar Stankov