Официјално: Huawei со одлични новитети кај Huawei P40 серијата

Објавено на 26.03.2020 во Новости



Официјално: Huawei со одлични новитети кај Huawei P40 серијата

Huawei во вонредни околности ја одржи презентацијата на новите премиум смартфони од новата генерација Huawei P40 кои со себе носат голем број на одлични новитети и подобрувања во однос на ланските модели.

Најпрво го имаме почетниот смартфон Huawei P40 кој доаѓа со 6.1 инчен OLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и густина на слика од 422 ppi. Huawei P40 работи со осум-јадрен HiSilicon Kirin 990 процесор со поддршка за 5G мобилна конекција и најефикасна 7 nm+ технологија. 

Хардверот го заокружува батерија со капацитет од 3800 mAh која може супер брзо да се полни со потенцијал од 22,5W.

Овој модел исто така го краси супер квалитетна Leica камера составена од три сензори и тоа 50 MP, f/1.9, (wide), PDAF, 8 MP, f/2.4, 80mm (телефото), PDAF, OIS, 3x optical zoom и сензор 16 MP, f/2.2, 17mm со AF и ултраширока леќа. 

Огромни подобрувања и врвен квалитет нуди Huawei P40 Pro моделот кој нуди многу новитети во делот на камерата и дисплејот кој е заоблен на сите четири агли. Huawei P40 Pro располага со 6.58 инчен OLED дисплеј со најновата Overflow Display технологија, со refresh rate од 90Hz.

 

Како што наведовме Huawei P40 Pro има фантастична Ultra Vision Leica камера со четири сензори на задната страна од кои примарниот има 50 мегапиксели, RYYB филтер за бои, Octa Phase Detection AF, OIS и леќа од f/1.9 со сензор кој има најширок отвор на пазарот, што значи и најдобро може да прима светлина.

Селфи камерата на Huawei P40 Pro е исто така доста импресивна со два сензора и тоа 32 MP, f/2.2, (wide), 1/2.8", 0.8µm, AF и IR TOF 3D сензори. Pro моделот има и поголема батерија со капацитет од 4200 mAh, брзо полнење од 40W, рекордно безжично полнење од 27W, а истиот капацитет е задржан и за реверзибилното полнење на други уреди на безжичен принцип. 

Новите модели на Huawei P40 и Huawei P40 Pro ќе бидат меѓу поевтините премиум смартфони на пазарот со цени од 800 и 1000 евра според првичните информации, но секако истите ќе варираат од самиот пазар и надворешните услови.