Samsung Galaxy Fold ја активираше надградбата со Android 10

Објавено на 27.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy Fold ја активираше надградбата со Android 10

Првиот смартфон на Samsung со екран на преклоп и флексибилна форма по одредено чекање стигна до надградбата со оперативниот систем Android 10.

Доколу не дојдеше до првичното одложување на пласманот на Samsung Galaxy Fold најверојатно и надградбата ќе пристигнеше многу порано, но важното е што сега е достапна.

Android 10 надградбата за Samsung Galaxy Fold ќе овозможи употреба на Dark Mode низ сите менија и целиот систем додека пак нуди и подобрена заштита на податоци, подобрен систем на нотификации и слично.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: