Ричард Ју: КОВИД-19 нема да влијае на достапноста на Huawei P40

Објавено на 27.03.2020 во Новости



Ричард Ју: КОВИД-19 нема да влијае на достапноста на Huawei P40

Ричард Ју, генералниот извршен директор на Huawei на онлајн прес конференцијата истакна дека новите модели од серијата Huawei P40 нема да бидат погодени од ширењето на КОВИД-19, односно дека обезбедени се сите услови за нивен пласман на пазарот.

Подобрувањето на состојбата во Кина која полека ја надмина пандемијата со корона вирусот овозможува непречено производство на компонентите потребни за Huawei P40 смартфоните па така ќе има доволно модели за лансирање на пазарот и пресретнување на потребите на потрошувачите.