Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro добиваат голема надградба за камерата

Објавено на 27.03.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro добиваат голема надградба за камерата

Премиум моделите Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro добиваат голема софтверска надградба со која значително се подобруваат перформансите на самата камера, односно корисниците на располагање ќе добијат многу нови опции.

Во надградбата за камерата на Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro е вклучено Super Stabilizer Plus за постабилни видеа без тресење на кадарот, поголем формат на размерот, подобри анти-тресење ефекти, во делот на супер стабилизација на видео снимањето.

Исто така во надградбата за Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro е вклучено smooth zoom, нов ефект наречен Hitchcock shooting, 8K HD видео снимање, креирање на долги видеа, заштеда на меморија со подобра компресија, нови алатки за монтажа на видео со музика и додатоци, и уште многу други подобрувања.