Продукт видеото за Huawei P40 5G и почетните цени на 40-те

Објавено на 28.03.2020 во Новости



Продукт видеото за Huawei P40 5G и почетните цени на 40-те

Huawei ги претстави новите предводници во 2020 година, P40 линијата: the P40, P40 Pro и P40 Pro+. P40 и P40 Pro ќе бидат лансирани на 7 април со почетни цени од 880 долари и 1102 долари. P40 Pro+ се очекува да биде лансиран во јуни со почетна цена од 1550 долари.

Huawei P40 Pro+ поседува Ultra Vision Leica Penta Camera, со новото мото на компанијата - #visionaryphotography. P40 Pro+ има камера од 50MP+8MP(10x оптички зум + 20x хибриден зум + 100x дигитален зум)+8MP (3x оптички зум + Time of Flight сензор за длабочина).

Huawei P40 Pro располага со 50MP+40MP+12MP (5x оптички зум + 10x хибриден зум + 50x максимален зум + Time of Flight сензор). Huawei P40 има камера од 50MP+16MP+8MP (3x оптички зум + 5x хибриден зум + 30x дигитален зум). Сите три телефони имаат 32MP селфи камера, само што Pro моделите имаат и камера за длабочина што им овозможува на корисниците да го користат телефонот со само една рака.