Apple Watch ќе има Touch ID како скенер?

Објавено на 28.03.2020 во Новости



Apple Watch ќе има Touch ID како скенер?

Apple размислува за следната генерација на смарт часовници Apple Watch да вклучи некаква форма на биометриски скенер, па затоа постои голема можност да биде вграден Touch ID додатокот во самата круна, односно во единственото странично физичко копче.

Целта на вклучување на биометриска заштита на Apple Watch со скенер за отпечатоци е да се осигураат трансакциите кои би се правеле со Apple Pay или други системи за мобилни и безконтактни плаќања. 

Следната генерација на Apple Watch ја очекуваме насен заедно со други подобрувања на перформансите и нови функции, како во софтверот, така и во хардверот. 

Автор: Aleksandar Stankov