Samsung Galaxy M11 се појави со официјален рендер

Објавено на 28.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy M11 се појави со официјален рендер

Samsung Mobile наскоро ќе ја прошири М серијата на смартфони во средната класа со новиот модел Samsung Galaxy M11 од кого веќе се појави првата официјална слика, па така разоткриени се и сите детали за неговиот изглед.

Samsung Galaxy M11 ќе биде лансиран со 6.4 инчен LCD дисплеј со резолуција од 720 x 1560 пиксели, ќе има вградена селфи камера со 8 мегапиксели поставена на левиот агол на екранот, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 450 процесор, избор од 3 GB или 4GB RAM, како и 32 GB или 64 GB основна вградена меморија. 

Според информациите кои испливаа на површина Samsung Galaxy M11 ќе располага со 13 мегапикселна f/1.8 главна камера, поддржана 5 MP f/2.2 ултраширока и 2 MP f/2.4 леќа за длабочина.