LG става крај на G серијата, што понатаму?

Објавено на 30.03.2020 во Новости



LG става крај на G серијата, што понатаму?

LG Mobile планира целосна промена на стратегијата во премиум класата која опфаќа ставање крај на долгодишната серија на G смартфони, па најверојатно последен во оваа низа ќе биде LG G9.

Планот на LG е во премиум класата да понуди смартфони кои се фокусираат повеќе на дизајнот, кои ќе имаат уникатен изглед со специфични елементи и функции. Една од идеите е враќање на LG Chocolate брендот кој беше популарен пред ерата на смартфоните. 

Од друга страна пак, LG G9 ќе припаѓа на средната висока класа бидејќи нема да го користи најмоќниот и најскап осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, ниту пак ќе има поддршка за 5G мобилна конекција, но ќе има доволно квалитетни компоненти.