Коронавирусот ги направи алатките за видео повици уште повеќе популарни

Објавено на 31.03.2020 во Новости



Коронавирусот ги направи алатките за видео повици уште повеќе популарни

Бројот на луѓе што ја користат апликацијата Skype за видео повици се зголеми за 70% во последниот месец и достигна 40 милиони, затоа што луѓето повеќе време поминуваат дома поради пандемија од коронавирусот, објави Microsoft вчера.

Минутите на разговори преку Skype пораснале за 220% во споредба со истиот месец лани, објави компанијата. Microsoft додава дека го ребрендира својот популарен пакет Office 365 во Microsoft 365 од 21 април, со нови спецификации, вклучувајќи ја апликацијата за семејна безбедност која помага во управувањето со времето поминато пред екранот.