Huawei ја заврши 2019 со плус, се спрема за нови предизвици

Објавено на 01.04.2020 во Новости



Huawei ја заврши 2019 со плус, се спрема за нови предизвици

Huawei објави годишен извештај за 2019. година, со што потврди солидни резултати. Вкупните приходи од продажбата во 2019. година изнесуваат над 110 милијарди евра, што е еднакво на 19,1% раст во споредба со 2018. 

„За Huawei 2019. беше извонредна година. И покрај огромниот надворешен притисок, нашиот тим успешно се фокусираше на создавање на вредности за своите купувачи. Напорно работевме за да ја заслужиме нивната почит и доверба, како и партнери од цел свет“, вели Ерик Шу, претседателот на Huawei.

Нето добивката достигнала над 8 милијарди евра, што е еднакво на 22,4% раст во споредба со 2018 година. Како дел од долгорочното вложување во технолошки иновации и истражување, Huawei во развојот вложи 15,3% од своите минатогодишни приходи, што е еднакво на 16,9 милијарди евра, додека во минатата деценија инвестирала над 77 милијарди евра.

Автор: Aleksandar Stankov