Apple за 2020 спрема нов iPad, Apple Watch, iMac и iPhone
Објавено на 01.04.2020 во Новости
Apple овој месец привремено ги напушти канцелариите и ја продолжи работата од дома. Во работата нема застој, па така оваа година би можеле да видиме три нови модели на iPhone 12, а последните информации од Bloomberg беа дека нема да има доцнење за новите телефони на Apple.
Компанијата за 2020 спрема нов MacBook Air, како и новата генерација на iMac, нови модели на Apple Watch, смарт звучник HomePod, поевтини модели на iPad и нова генерација на Apple TV. Во план е редовната надградба на софтверот, па до крајот на годината може да очекуваме iOS 14 и watchOS 7.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.