LG G9 ThinQ веројатно нема да го здогледа светлото на денот

Објавено на 01.04.2020 во Новости



LG G9 ThinQ веројатно нема да го здогледа светлото на денот

Корејските медиуми зборуваат дека G серијата веројатно ќе биде прекината. Нема да има LG G9 ThinQ, нема да има LG G10 и LG G9X ThinQ. Се разбира, ова не е официјална одлука на компанијата и информацијата се уште не е потврдена.

LG следно планира да лансира 5G предводник, за кого се уште немаме име и како би изгледала замената за G9 ThinQ. LG Mobile сигурно ќе остане верен на Dual Screen експериментот, при што почнуваат озборувања дека LG ќе сака да ја обнови славата со ребрендирање на заборавениот „чоколаден телефон“, кој беше објавен во 2006 година - VX8500 Chocolate.

Во однос на спецификациите новиот модел би требало да биде со 6.7 до 6.9-инчи, камера од 48MP, батерија од 4,000mAh, Snapdragon 865 или Snapdragon 765G процесор, што значи дека овој предводник на LG ќе оди директно против Google Pixel 5 и Nokia 8.3.