LG V60 ThinQ 5G: Официјално видео
Објавено на 01.04.2020 во Новости
LG V60 ThinQ 5G беше претставен на крајот на месец февруари, за кого доставата почна од 7 април, со LG Dual Screen. LG V60 ThinQ 5G е опремен со 6.8-инчен OLED дисплеј и резолуција од 1080 x 2460 (FHD+). Под хауба има Snapdragon 865, 8GB+128GB меморија, тројна задна камера од 64MP+13MP+Time of Flight (ToF) сензор. Селфи камерата од 10MP е одлична, а батеријата изнесува 5000mAh.
LG последно го објави новото продукт видео - The V60 ThinQ in Detail. Видеото од две минути покажува дека уредот има опција за снимање видео во 8K резолуција, има Steady Cam опција за стабилно видео, дури и да се движите кога снимате. Voice Bokeh ефектот ја намалува бучавата во позадина на видеата, така што ќе може вашиот глас да се истакне на видеото.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.