Xiaomi е оптимист: Продажбата во Кина ќе се врати во нормала

Објавено на 02.04.2020 во Новости



Xiaomi е оптимист: Продажбата во Кина ќе се врати во нормала

Во јануари и февруари мислевме дека коронавирусот е „кинески проблем“, што ќе влијае глобално врз намалена достапност на смартфони и други уреди. Сега ситуацијата е свртена наопаку, Кина закрепнува, а на цела Европа и САД им се заканува црно сценарио.

Шефот на Xiaomi, Шоу Зи Чу е оптимист дека продажбата на телефони ќе се врати во нормала, затоа што во споредба со последниот финансиски квартал од 2019, веќе ситуацијата се враќа во нормала. Се верува дека ситуацијата во Кина ќе се врати во нормала, иста каква што беше пред корона вирусот.