Google со контранапад на TikTok со YouTube Shorts

Објавено на 03.04.2020 во Новости



Google со контранапад на TikTok со YouTube Shorts

Кинеската социјална мрежа TikTok стана ултра популарна со кратките видеа, која ја има во официјалните продавниц ина Apple и Google. Апликацијата е преземена над 1,5 милијарди пати. 

TikTok наскоро би можел да добие конкурент во една од најголемите светски компании – Google. Американскиот интернет гигант досега не се прославил кога станува збор за социјалните мрежи и нивниот обид со Google+ со кој сакаше да му конкурира на Facebook, заврши со голем дебакл. Google наскоро планира да претстави нова социјална мрежа, вирална платформа за видео записи - Shorts, која ќе биде интегрирана во апликацијата YouTube, како контранапад на кинескиот TikTok.





Прочитајте повеќе: