Samsung Galaxy A21 протече со гиф-слика од 360-степени

Објавено на 04.04.2020 во Новости



Samsung Galaxy A21 протече со гиф-слика од 360-степени

Galaxy A10 беше најпродаваниот буџетски смартфон во 2019 година, кој беше на топ листите на најпродавани смартфони во светот. Galaxy A20 исто така се продаваше со голем успех. Наследникот Galaxy A21 се појави со нови рендери од предната и задната страна. 

Сега имаме анимирана слика во агол од 360-степени, кај која може да се види се. Телефонот е со модерен дизајн, Infinity-O дисплеј со селфи камера со punch-hole и четворна задна камера. Се уште немаме точни информации за спецификациите, но под хауба ќе биде со Exynos 7904 процесор, кој претходно беше вграден во Galaxy A30 и Galaxy A40. Ќе има 4GB+64GB меморија, и батерија од 4,000mAh.