Honor 30: Четворна Sony камера со главен сензор од 50MP

Објавено на 05.04.2020 во Новости



Honor 30: Четворна Sony камера со главен сензор од 50MP

Honor 30 го очекуваме да биде лансиран за 10 дена. Новиот предводник на подбрендот на Huawei ќе биде со камера од 50MP Sony IMX7xx, за која аналитичарите тврдат дека е најголемиот индустриски-прилагоден сензор на Sony. 

Во превод, оваа камера би била во ранг на сензорот 1/1.28″ што го има во Huawei P40 серијата. Освен главниот сензор од 50MP, има 3 задни камери плус во правоаголен модул, меѓу кои има и перископски сензор. На сликата може да се види IR бластерот, 3,5мм влез за слушалки, и метален дизајн на телото. Останете со нас до најновите детали за Honor 30 и Honor 30 Pro.