4G смартфоните драстично ќе поевтинат

Објавено на 05.04.2020 во Новости



4G смартфоните драстично ќе поевтинат

Смартфоните кои и натаму имаат можност за поврзување само со 4G мобилна мрежа се очекува до крајот на годинава да имаат големо намалување на цените, со оглед на тоа што новите модели веќе нудат вграден модем за поврзување со новата 5G мобилна мрежа.

Падот на цените на 4G смартфоните секако, ќе зависи и од самиот пазар, односно дали веќе мобилните оператори нудат услуги со 5G мобилна мрежа или се уште се само во тест фаза.

Исто така голема улога ќе игра и актуелната криза со корона вирусот, па поради намалената побарувачка на нови смартфони производителите ќе се соочат со поголеми залахи кои ќе сакаат да ги ликвидираат преку попусти и специјални промоции на преостанатите 4G модели.