Уништени 5G станици и нападнати работници во UK, КОВИД не е предизвикан од мрежата

Објавено на 06.04.2020 во Новости



Уништени 5G станици и нападнати работници во UK, КОВИД не е предизвикан од мрежата

Властите во Велика Британија преземаа серија на мерки за да ја уверат јавноста дека поставувањето на 5G мрежите нема никаква допирна точка со ширење на корона вирусот.

Неколку станици во Велика Британија се демолирани, а биле нападнати и работници кои ја поставувале мрежната инфраструктура за 5G.

Сите експерти порачуваат граѓаните да не потпаѓаат на лажните вести и новите теории на заговор дека 5G мрежата е поврзана со КОВИД-19. 

Четирите најголеми британски мобилни оператори и Владата упатија и апели до социјалните мрежи да ги преземат сите чекори за оневозможување за ширење на штетните теории на заговори во време на криза со корона вирусот.