Објавени слики од Honor Play 4T серијата

Објавено на 07.04.2020 во Новости



Објавени слики од Honor Play 4T серијата

Honor Play 4T серијата на смартфони се очекува да биде презентирана за два дена, при што протекоа фотографии за двата нови модела Play 4T и Play 4T Pro. Двата смартфона ќе бидат со Kirin 810 процесор, 48MP главен сензор на задната камера и батерија со капацитет од 4000mAh, со технологија за брзо полнење. 

Honor Play 4T Pro ќе располага со 6.3-инчен OLED дисплеј, скенер за отпечатоци на прсти вграден во екранот и селфи камера од 16MP. На задната страна имаме тројна камера од 48MP+8MP+2MP. Телефонот ќе пристигне во верзија со 6GB/128GB и 8GB/256GB меморија. Honor Play 4T ќе биде со 6.39-инчен HD+ IPS дисплеј, со punch-hole дупка за селфи камерата од 8MP. На задната страна има 48MP главен сензор и 2MP сензор за длабочина, со сензор за отпечаток на прсти.