Viber забележа 4 пати повеќе повици за време на пандемијата

Објавено на 08.04.2020 во Новости



Viber забележа 4 пати повеќе повици за време на пандемијата

Кога почна пандемијата со коронавирусот, Viber ги зголеми капацитетите на своите примарни услуги и покрена бројни иницијативи со цел да го поттикне заедништвото и позитивниот став кај корисниците.

Viber се пофали дека резултатот е важно зголемување во користењето на апликациите во цел свет. Во текот на последните неколку недели, од Viber истакнуваат дека е забележано зголемување на активностите на корисниците на сите сервисни платформи. Најпопуларни услуги моментално се групните пораки и повици. Бројот на испратени групни пораки се зголеми за 134%, а бројот на групни повици кои ги примил просечниот корисник на Viber во последните две недели се зголеми за 370%. Community интеракцијата е зголемена за 78%.