Disney+ за само 5 месеци зачлени 50 милиони корисници!?

Објавено на 11.04.2020 во Новости



Disney+ за само 5 месеци зачлени 50 милиони корисници!?

Стриминг платформата на Disney+ зачленила вкупно 50 милиони корисници во рок од пет месеци, што е еднакво на многу подобро од предвиденото. Во февруари компанијата имала само 26.5 милиони корисници, што сега оваа цифра е двојно поголема. 

Замислете, колку за споредба, на Netflix му требале 7 години за да ја достигне оваа цифра. Се разбира, ова се должи во голема мера и на тоа што Disney+ почна во времето кога луѓето седнаа дома во карантин. Целта на Disney+ била да достигне од 60 до 90 милиони корисници до крајот на 2024 година.