Sony Xperia 5 II ќе биде најмалиот 5G смартфон

Објавено на 12.04.2020 во Новости



Sony Xperia 5 II ќе биде најмалиот 5G смартфон

Sony Mobile најверојатно го подготвува најмалиот смартфон со 5G мобилна конекција кој ќе припаѓа на средната висока класа со квалитетни перформанси и достапна цена.

Засега се говори дека тоа ќе биде новиот Sony Xperia 5 II со 5,6 инчен дисплеј, односно ќе биде првиот 5G смартфон со дисплеј помал од 6 инчи.

За овој уред се шпекулира дека ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 765G процесор и главна камера на задната страна со повеќе сензори.