Наскоро доаѓа поевтиниот Xiaomi Mi Note 10 Lite

Објавено на 12.04.2020 во Новости



Наскоро доаѓа поевтиниот Xiaomi Mi Note 10 Lite

Xiaomi планира наскоро да лансира уште еден квалитетен смартфон во премиум класата кој ќе има пониска цена од основниот и главен модел, но ќе понуди доста атрактивен хардвер.

Станува збор за новиот модел Xiaomi Mi Note 10 Lite со 6.47 инчен FullHD+ AMOLED дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 730G процесор со поддршка за 5G мобилна конекција, ќе располага со огромна батерија со капацитет од 5,260 mAh и брзо полнење од 30W.

За Xiaomi Mi Note 10 Lite е познато и дека ќе има главна камера на задната страна со пет сензори од кои еден со 64 мегапиксели, два по 8 мегапиксели, еден со 5 мегапиксели и еден сензор од 2 мегапиксели.