Ко-основачот на Paypal: Ова е најдобро време за основање на компанија

Објавено на 13.04.2020 во Новости



Ко-основачот на Paypal: Ова е најдобро време за основање на компанија

Кризата со коронавирусот го шокираше цел свет и не можевме ниту да замислиме дека пролетта ќе ја пречекаме со маски на лицето и во карантин. Компаниите поради кризата мораа да почнат да отпуштаат работници и да ги намалуваат платите.

Ситуацијата е таква што порасна барањето за увоз на работна сила од странство. Додека оваа рецесија зад себе ќе остави милиони изгубени работни места, затворени компании и несреќни судбини, за некои би можела да биде голема шанса, смета еден од основачите на Paypal, Макс Левчин, кој е основач и на Affirm. Тој изјави дека денес голем број на луѓе немаат големи соништа оти се обидуваат само да преживеат. За оние што имаат одлични идеи и може да пронајдат начин за финансирање, вели дека ова е најдобро време за основање на компанија.

Моментално конкуренцијата е многу мала и нема многу компании што покренуваат нови проекти, така што некој со иновативна идеја би можел полесно да излезе и да привлече внимание на инвеститори.