Samsung Galaxy Fold 2 ќе биде полесен и без S Pen

Објавено на 13.04.2020 во Новости



Samsung Galaxy Fold 2 ќе биде полесен и без S Pen

Samsung Mobile планира втората генерација на смартфон на преклоп Samsung Galaxy Fold 2 да ја направи полесна за триесетина грама, но тоа значи дека ќе нема простор за вметнување на функционалното S Pen.

За дизајнот на Samsung Galaxy Fold 2 се вели дека ќе ја задржи формата на оригиналниот модел како и магнетите за спојување на двата делови од екранот, секако со мали подобрувања на механизмот кој го штити целосниот екран.

Исто така за Samsung Galaxy Fold 2 досега информациите откриваат дека ќе биде понуден во две нови бои од кои Martian Green и Astro Blue.